Нов голем успех на Мила Рељиќ – бронза на Европското клупско првенство во таеквондо

Нов голем успех на нашата таеквондистка Мила Рељиќ, со 3 извонредни победи освои бронзен медал на Европското клупско првенство во Софија, Бугарија.

Во првото коло Мила беше поуспешна во рунди 2-1 против Ива Петровиќ (Србија), а во второто колоизвонредната Латвијката Инес Тарвида со 2-1 во рунди.

„Инес Тарвида тренира во еден од најдобрите светски клубови Фридрихсхафен во Германија и до сега има 2 бронзени медали од светските првенство во 2017 во Сеул и 2019 во Манчестер. Првата рунда Мила ја изгуби, но следните две беше подобра и шампионскиот дух на Мила излезе на виделина и ја победи извонредната Инес. Во борбата за медал Мила беше поуспешна од Хрватката Хелена Кичема со 2-0 во рунди. Хелена е актуелна европска вицешампионка до 21 година, иако претходно во јуни во Загреб Мила ја имаше победено Хелена“, вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов и додава:

„Во полуфиналето Мила изгуби од Јоланта Тарвида (сестра на Инес Тарвида). Со овој медал Мила ветува и силно чекори кон медал на претстојното Светско првенство во Баку, Азербејџан, на почеток на јуни и Европските игри кон крај на јуни во Краков, Полска. На минатите Европски Игри Македонија немаше медал во ни еден спорт, сега ветуваме дека ќе освоиме медал“.

Ефтомов изразува голема благодарност до Македонска таеквондо федерација, Агенција за млади и спорт, Македонски олимписки комитет и Општина Гази Баба за поддршката што ја има Мила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON