Ентони Џошуа го прифати предизвикот на Дионтеј Вајлдер – меч за обединување на сите титули во супер тешка категорија.
Тие изминатите две недели ги одбранија своите титули. Џошуа го совлада Карлос Такам со технички нокаут во 10-тата рунда, а Вајлдер со нокаут во првата рунда го преслуша Бирмејн Стиворн.
Вајлдер веднаш по победата го предизвика Џошуа на меч за сите титули, а по неколку дена Британецот го прифати предизвикот. Џошуа ги држи титулите во ИБФ и ВБА верзијата, додека Американецот го има појасот во ВБЦ.
Познато е дека мечот ќе се одржи во 2018 година, но засега не се знае точниот датум и локацијата на борбата. Преговорите помеѓу двата табори започнуваат денеска.