Стивен Томпсон денес со Демијан Маја е кандидат за иден предизвикувач во полусредна категорија, но пред тој да стапне во октагонот „Вондербој“ вештините ги брусеше на разни ММА и кик бокс настани.
Особено интересна се покажа неговата ера во Ворлд комбат лиг во организација на легендарниот Чак Норис. Во неа Томпсон во текот на 2006 година се водеше како прворангиран борец.
Токму од тој период од неговата кариера ви го нудиме денешниот нокаут, што го забележа во мечот со Џејмс Декоре.