Нокаут глума за „Оскар“! (ВИДЕО)

bokser glumec

Аргентинскиот боксер Маркос Мартинез освен што е лош боксер и е ужасно лош актер. Во борбата што викендов се одржа во Монтевидео, тој се „бореше“ Браули Родригез, а скандалозната постапка беше меѓу главните вести на јужно-американскиот континент.

Во текот на втората рунда, Мартинез падна на партерот, иако се гледа дека Родригез го промаши со ударите, но и покрај тоа победата му припадна на боксерот од Доминиканската Република – Родригез.

Медиумите во Јужна Америка веднаш обвинија за местење, а Мартинез беше оцрнет поради глумењето нокаут.

https://youtu.be/iIWB916N25U

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON