Нинџицу клубот Битола освои 11 медали во добри борби на Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен 2017“ изминатиов викенд, од кои 6 се златни, 4 сребрени 1 бронзен.
Златни медали освоија: Филип Божиновски, Мирко Додевски, Стефан Ѓуровски, Маријана Јоноска, Игор Додевски и Јован Сотиров.
Сребрени: Боби Стојчевски, Стефан Мишевски, Христијан Милошевски и Дарко Ташовски.
Бронза: Димитар Петровски.
„Следната наша дестинација за борби во бразилско џиу џицу е во Монтана, Бугарија, во екстра конкуренција. Бугарските школи важат за едни од најдобрите граплинг школи на Балканот и ќе дадеме се од себе да го повториме успехот од Скопје на последниот наш турнир. Одиме со максимална бројка на натпреварувачи, дури 19, од кои половината ќе настапат за прв пат, за да ја почувствуваат атмосферата на спортското натпреварување“, вели тренерот Сашко Мирчевски.