Помалку од два месеци откако Дана Вајт даде ретко јавно ветување дека Џон Џонс и Том Аспинал ќе се борат за обединетата титула во тешка категорија во 2025 година, борбата сè уште не е блиску до официјална потврда.
Откако Џонс ја одбрани титулата против Стипе Миочиќ на УФЦ 309, Вајт веднаш истакна дека борбата со Аспинал е логичен следен чекор. Но, Џонс не го покажа истиот ентузијазам – тој изјави дека не го интересира борбата освен ако УФЦ не понуди „прекрасни пари“, а во исто време навести можност за пензионирање.
Вајт, кој првично беше уверен дека ќе ја договори борбата, сега признава дека преговорите не се одвиваат без проблеми, но нагласува дека УФЦ нема да чека вечно.
„Сто проценти. Ако не ја договориме борбата, ќе продолжиме понатаму и ќе направиме уште еден меч“, изјави Вајт за Мек лајф. „Пред две ноќи бев буден до шест часот наутро со тимот. Работиме на многу големи работи. Многу работи се случуваат“.
Вајт претходно изјави дека оваа борба има потенцијал да биде најголема во историјата на УФЦ, но се зависи од тоа дали промоцијата може да ги исполни финансиските барања на Џонс. И додека многу фанови си играат со идејата дека Џонс избегнува да се соочи со помлад, побрз и погладен предизвикувач, Вајт ги отфрла тие шпекулации.
„Џон Џонс не се плаши од никого и ќе се бори со боли кого. Наше е да ја реализираме оваа борба. Тоа е наша работа“.
Дали УФЦ ќе може да состави понуда што ќе го задржи Џонс во игра или поделбата ќе се движи во друга насока, може да стане појасно веќе на лето. Доколку преговорите не го дадат посакуваниот исход, Аспинал би можел да добие уште еден противник, а иднината на Џонс во спортот ќе остане под знак прашалник.