Нина Славевска најдобар борач на БК Вардар 1961 за 2024 година

Вардар 1961 ја заокружи годината со прогласувањето на најдобар борач во кубот. Ова признание и припадна на младата и талентирана борачка Нина Славевска.

Нина (73 кг) на Балканското првенство во У-17 во Скопје освои сребрен медал. Славевска освои сребро и на Меѓународниот турнир „Побендик“ во Белград, Србија.

Во машка конкуренција Матеј Трајковски е најдобар борач, а Неда Урошевска во женска конкуренција, додека Андреј Алампиоски е најдобар млад борач.

Признанијата и наградите беа доделени од претседателот на БК Вардар 1961 Ацо Јорданов.

Ќе потсетиме дека ова е традиција кај црвено-црните што се одржува секоја година на свечена забава да се прогласуваат најдобрите борачи во тековната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО