Поранешниот претседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Чедо Николовски, на својот фејсбук профил излезе со инетерсни констатции за работите што се случуваа во последните неколу месеци во нашиот најтрофеен спорт и за и околу Светското првенство во Лас Вегас, на кое беше и тој.
Николовски вели ја гледал репризата на „Спортско студио“ на Сител 3, во кое учествуваше и тој, при што слушнал некои работи што убаво не ги разбрал на лице место. Тој вели дека експедицијата за Лас Вегас ја сочинувале членови на Управниот одбор: Чедо Николовски како водач и Лулзим Вренези како тренер, борачитре Јасин Реџелари, Дејан Митров, Халил Зубаиров, Бобан Данов, Тимур Хамикоев. На Дејан Богданов требало да му се даде шанса да се преборува и да се пушти барање до UWW (Обединето светско борење – ОСБ) да ни дозволат уште еден борач да учествува на СП, бидејки тоа ми го сугерирале луѓе од ОБС, но и претседателот Ненад Лаловиќ.
„Дали е пуштено барање не знам, но му извадивме виза. Ако тој, од оправдани причини не одбиеше, ќе се бореше на Европските игри во Баку, Азербејџан. Почнувајќи со иницијативата за мојата смена, веќе ништо не функционираше. Бараа во Скопје да има подготовки со спаринг партнери, им обезбедивме. Но Митров се повреди, Данов го немаше….И тогаш реков дека ова ќе биде многу лошо, но не до тој степен. Зубаиров скршил прст, Митров повреди колено…па зошто ги заштитија и ги носеа во Лас Вегас“, прашува Николовски и додава:
„Не е точно дека билетите се извадени пред два месеца и дека Богданов не можел да оди. Билетите ги платија од Македонскиот олимписки комитет (МОК), како саместувањето. Како отишле другите, тоа се прашања за друга адреса. Сега се поставува прашањето, кој е одговорен? Дали оној што обезбедил подготовки за цела годиона и ги пратил на сите можни контролни натпревари- Јашар Догу, Дан Колов, Европско првенство У- 23, Европски игри во Баку или тие што направија промена во најнезгодно време!? Ако некој направеше добар резултат, кој ќе беше заслужен? Сигурно, новото раководство, а не Чедо. Па сите останаа – целиот УО! На јавноста е да процени кој е во право! Но, имам усте многу работи да изнесам…“, вели Николовски..