Нашата џудистка Катерина Николоска, која брка норма за Олимписките игри во Рио 2016 година, денес имаше настап Европскиот џудо куп во Софија. За жал, таа во првото коло беше совладана од претставничката на Казкстан, Ајгерим Абилкадирова во категоријата до 63 килограми. Во наредното коло и Абилкадирова беше поразена од претсавничката на Турција, Бусра Капипоглу.
На турнирот учествуваа 450 натпреварувачи од 44 држави, бидејќи беше квалификационен за ЛОИ во Рио 2016 година и се собираа поени.