Македонската репрезентативка Катерина Николоска настапи на „Европскиот џудо куп Белград 2015“.
Во првата борба таа беше совлдана од Шена Зандер од Германија со еден ипон, но и се пружи шанса во репасажот да го порави впечатокот од првата борба, затоа што Гермнката беше прва во групата. Таа се сретна со Холанѓанката Ирис Ивема, која се покажа пресилна за нашата репрезентативка, бидејќи ја победи Николоска со еден ипон, едно вазари и еден јуко.
Да потсетиме дека Николоска е стипендист на Македонскиот олмписки комитет и дека брка норма за Олимписките игри во Рио 2016 година. Како што стојат засега работите, тешко дека нашата репрезентативка ќе се избори за олимписка норма, бидејќи досега не забележа победа на важните настапи.
ipon.mk/В.Д.