Никој не може да го победи. Ги нокаутираше Усик и Дубоа, кои попрво ќе се откажат од титулата отколку повторно да боксираат со него!

Познавачите на боксот минатата недела беа воодушевени од веста дека ИБФ наредила борба меѓу Мартин Баколе и Агит Кабајел за статусот на задолжителен предизвикувач на боксерската федерација. Двајца тешкаши кои се борат за врвот на „кралската“ боксерска категорија, тогаш ќе вкрстат ракавици, а победникот од тој меч ќе биде прв во редот за напад на титулата која моментално ја држи Даниел Дубоа. Неодамна тренерот на Баколе, Били Нелсон зборуваше за новосоздадената ситуација, како и за квалитетите на неговиот пулен.

„Тоа ќе биде жешка борба, Кабајел, според мене, е барем ТОП 7 во тешка категорија во моментов. Тој е многу добар борец, но уверен сум дека Баколе ќе биде тој што ќе се бори за титулата“, изјави Нелсон во интервјуто за Бокс сошл па додаде: „Мислам дека никој во светот не може да го победи Баколе во моментов, иако луѓето ќе коментираат дека зборувам глупости, а верувајте ми кога ќе кажам дека тој сè уште не е ни блиску до својот врв.

Како што е познато, Баколе веќе некое време ужива репутација на најизбегнуваниот боксер во тешка категорија, а тој статус го зарботи спарингувајќи со ѕвездите во тешка категорија како Александар Усик, Ентони Џошуа, Тајсон Фјури и Даниел Дубоа. Нокаутерот од Конго во неколку наврати се пофали со искуствата кои ги има од спарингот со споменатите елитни тешкаши, а сега и неговиот тренер кажа нешто на таа тема, како и поразот од Мајкл Хантер (единствениот во кариерата досега).

„Никогаш не сум го видел Мартин повреден на спаринг меч. Тој имаше лоша вечер против Хантер, но тогаш не требаше да биде во рингот. Го стави надвор од нашето сеќавање, бидејќи тој не требаше да биде во рингот таа вечер. Покрај тоа, Мартин никогаш не бил повреден против никого, што зборува за нивото на неговите боксерски вештини“, изјави Нелсон, коментирајќи за тоа зошто не се одржа мечот меѓу Баколе и Жилеј Жанг, бидејќи за таа борба интензивно се шпекулираше откако Конгоанецот го нокаутира Џеред Андерсон во последниот настап:

„Тимот на Жанг не го сакаше тоа. Ние го сакавме тој меч и ќе го прифатевме без никакви проблеми. Кабајел е потежок противник за Баколе од Жанг. Сакавме да се бори со Жанг во Кина и да го победи пред неговите навивачи. Но не сум разочаран што не се случи тоа, бидејќи Мартин сега ќе има можност да го достигне статусот задолжителен предизвикувач на ИБФ, а веќе го зазема првото место на ВБА рангирањето“.

Со оглед на тоа дека Баколе е на патот до титулата на две патеки, онаа на ИБФ и ВБА, новинарот Луис Харт го праша Нелсон кој пат повеќе би сакал неговиот боксер да стигне до врвот, преку борба со Дубоа или со Усик.

„Тој веќе го нокаутира Усик во спаринг, како што го уништи и Дубоа. Не би ме изненадило ако Дубоа попрво би се откажал од појасот отколку да се бори со Мартин. Кога спарираше со Дубоа, Мартин не беше ни целосно подготвен, беше околу 70 проценти, но сепак го надбоксира, а потоа го нокаутира. Му го скрши носот и го натера да се откаже. Вистина е, факт е, Мартин веќе зборуваше за тоа, а јас бев присутен во салата кога тоа се случи, како и други луѓе“, заклучи британскиот селектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО