Ник Дијаз против Висенте Луке на УФЦ 310

Ник Дијаз и Висенте Луке добиваат уште една шанса да се борат меѓу себе.

Алекс Беунин вели дека нивната борба ќе биде вклучена на картата на настанот УФЦ 310 кој ќе се одржи на 14 декември во Лас Вегас. Борбата ќе биде дел од полусредна категорија. Дијаз и Луке требаше да се пресметаат во август годинава во Абу Даби, но Ник се повлече од борбата.

Дијаз има 41 година и има скор од 26-10 (2) во ММА. Тој е во серија од 3 порази и нема победа од 2011 година. Во септември 2021 година Ник се врати во ММА по 6-годишно отсуство. Потоа се бореше со Роби Лолер и загуби со нокаут во 3. рунда. Ник заврши 21 од своите натпревари и 3 пати беше нокаутиран. Тој нема поразсо завршница во кариерата.

Луке има 32 години со скор 22-10-1 во ММА. Во последната борба тој загуби од Хоакин Бакли на крајот на март годинава. Висенте победи само на 1 од последните 4 борби во УФЦ. Победил 19 пати со завршница, а 4 пати загубил. Бразилскиот борец е силен и дефинитивно ќе му пружи тешка борба на ветеранот Дијаз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Behunin (@alexbehunin)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON