Големото враќање на Ник Дијаз (26-9-2) во октагонот на УФЦ е се поблиску. Поранешниот светски шампион во средна категорија на Страјкфорс ќе се бори со Роби Лоулер (28-15-1) на 25 септември во третиот меч од главната програма на УФЦ 266.
За 37-годишниот Ник, ова ќе биде прва борба од јануари 2015 година. Потоа загуби на поени од Андерсон Силва, но одлуката подоцна беше поништена по позитивниот допинг-тест на бразилската легенда.
Дијаз и Лоулер ќе се сретнат по втор пат, по нивната битка во далечната 2004 година. Тогаш постариот брат на Нејт Дијаз победи со нокаут во втората рунда. Нивниот претстоен меч ќе биде во пет рунди, а ќе подгрева две битки за светските титули.
Главниот настан на гала вечерта во Лас Вегас е судирот на шампионот во про категорија Александар Волкановски (22-1) со Брајан Ортега (15-1-1). Ова ќе биде втора одбрана на Австралиецот со македонско потекло (од битолско), кој во јули минатата година на поени го победи Макс Холовеј.
Валентина Шевченко (21-3) ќе го брани појасот во мува категорија. Таа ќе се соочи со Лорин Марфи (15-4), кој 4-та на ММА ранг-листата.
Почетокот на главната програма на УФЦ 266 ќе ги спротивстави Џесика Андраде (21-9) и Синтија Калвио (9-2-1), исто така во мува категорија. По нив во октагонот ќе влезат Картис Блејдс (14-3-1) и Жаирзињо Розенструик (12-2) во тешка категорија.