И покрај тоа што конечно ја реши суспензијата се уште немаме индикациии за тоа кога Ник Дијаз би можел да се врати во октагонот, но сега барем знаеме дека УФЦ работи на тоа.
Разговарајќи за тоа колку е Дијаз навистина голем човек новинар на ММА фајтинг, Лук Томас, го праша претседателот на УФЦ, Дана Вајт, дали би го пуштил воопшто Дијаз да се бори повторно во велтер категорија. Вајт одговори дека на борец од Стоктон веќе му понудил борба.
„Му понудив борба (во велтер категорија), ја одби“.
Последната борба, во февруари 2015 година, Дијаз ја направи против Андерсон Силва за титулата во средна категорија.
https://youtu.be/mdNGwHapeng