Нигериска боксерка допингувана, Египќанка не успеа да го помине мерењето

Нигериската боксерка Синтија Огунсемилор е дисквалификувана од олимпискиот турнир во Париз поради прекршување на антидопинг правилата.

22-годишната Нигеријка, која е африкански шампион од 2023 година, беше 4-та носителка во женската категорија до 60 килограми. Настапот на турнирот требаше да го започне директно од осминафиналето со мечот против Тајванката Ши-Ји Ву, но нејзините права веќе се привремено суспендирани. Според Меѓународната антидопинг асоцијација, диуретикот фуросемид бил пронајден во примерокот на Огунсемилор. Се очекува Нигериејката да ја одложи одлуката и да побара отворање и на примерокот „Б“.

Почетокот на олимпискиот боксерски турнир се покажа тежок за уште еден претставник на Африка – Египќанката Јумна Ајад. Таа во првото коло на турнирот требаше да се бори до 54 килограми со Нигина Уктамова од Узбекистан, но не ѝ беше дозволено да влезе во рингот, бидејќи при мерењето на вагата беше утврдено дека е потешка за 900 грама.

Од египетскиот олимписки комитет најавија дека ќе го истражат случајот, бидејќи вечерта пред мерењето се`околу тежината на спортистката било нормално, а не им е јасно како преку ноќ се здебелила речиси еден килограм.

Ајад е првиот претставник на Египет кој се квалификуваше на Олимпијадата во бокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON