Нгану ужива во родниот Камерун (ФОТО)

Френсис Нгану, шампион на УФЦ во тешка категорија, уживаше во убавото време во родниот Камерун. ММА ѕвездата се прошета по улиците во главниот град Јаунде и сподели фотографија со фановите од прошетката.

„Уживајте во прекрасен сончев ден надвор во Камерун. Се надевам дека сите ќе уживате во вашето“, напиша Предатор на својот Инстаграм профил.

Потсетуваме, светскиот шампион во тешка категорија на УФЦ нема да се бори оваа година. Ова го соопшти неговиот тренер Ерик Никсик. Според него, „Предатор“ ќе се врати во октагонот дури во јануари, кога ќе ја направи одбраната на појасот.

Според Никсик, се уште постои опција шампионот да се соочи со Џон Џонс наместо со Сирил Гане.

Френсис Нгану ја освои титулата на УФЦ во тешка категорија брутално нокаутирајќи го поранешниот шампион Стипе Миочиќ во главниот меч на УФЦ 260, што се одржа кон крајот на март.

Африканецот е во страшна форма откако со нокаут ги доби последните 5 борби во УФЦ. Пред нокаутот против Миочиќ на почетокот на втората рунда, Камерунецот ги победи Картис Блејдс, Каин Веласкез, Жуниор дош Сантос и Жаирзињо Розенструик. Победата над секој од нив беше постигнат за околу или нешто повеќе од 1 минута.

Вкупниот биланс на „Предатор“ е 16 победи и само 3 порази (од Дерек Луис, Стипе Миочиќ и Зумана Сисе). Сите победи ги постигна пред регуларниот крај на борбата (12 со нокаут и 4 со принуда).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON