Френсис Нгану ќе биде подготвен да се врати во кафезот во јануари. Ова го соопшти неговиот тренер Ерик Никсик, кој даде нови информации за опоравувањето на светскиот шампион во тешка категорија на УФЦ. „Предаторот“ беше опериран на коленото откако претходно годинава го победи Сирил Ганe.
Според Никсик, неговиот борец се уште не влегол во фаза на подготовка погодна за евентуално враќање во декември. Неодамна имаше такви индикации, но овие гласини беа побиени од специјалистот.
„За да го видиме Френсис во кафез оваа година, тој треба да почне да тренира сега. Сепак, Нгану се уште е во својата татковина и не сме се слушнале. Очекувам тоа да биде направено до крајот на месецот кога ќе се врати во САД. Во оваа ситуација мислам дека е реално да се врати во јануари“, изјави Никсик.
Тренерот додаде дека би бил среќен Френсис да ја има следната борба со Џон Џонс, кој не се борел две години и се уште го одложува своето деби во тешка категорија.
„Ова е средба која сите ја посакуваме. Џонс е надвор од терените веќе две и пол години. Френсис во јануари ќе наполни една година. Апсолутно е соодветно да се сретнат тогаш“, рече Никсик.