Поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану наскоро се враќа во октагонот. Камерунскиот удирач ќе се бори на 19 октомври на настанот ПФЛ во Ријад, а противник му е Бразилецот Ренан Фереира.
По заминувањето од најголемата светска ММА организација, Нгану имаше два боксерски меча кои ги загуби – прво против Тајсон Фјури, а подоцна Ентони Џошуа го заврши во втората рунда.
Камерунецот во едно неодамнешно интервју призна дека научил поука од двата дуели, но научил и многу, дека искуството ќе му помогне во продолжението на кариерата.
„Мечот против Тајсон Фјури беше големо искуство за мене, додека од борбата со Ентони Џошуа добив поголема слика и видов како функционира сето тоа, каков голем бизнис е тоа“, изјави Френсис Нгану.
Нгану загуби од Тајсон со поделена одлука, додека Џошуа ја заврши работата со брутален нокаут.
„Знаетре дека тоа може да се случи во секоја борба. Тоа е како во војна, пукаме еден во друг, а потоа еден ден некој ќе те погоди“, опиша Френсис Нгану, а се надева дека подоцна повторно ќе боксира:
„Во последните месеци не зборувам премногу за боксот, бидејќи се подготвувам за дуел против Фереира. Целосно сум фокусиран на таа борба, а беше на дневен ред и пред натпреварот против Џошуа. Фереира е добар и брз борец, и физички многу силен“.