Нгану победата му ја посвети на починатиот син: Повеќе нема да бидам истата личност кога ќе влезам во арената

Френсис Нгану се врати победнички во октагонот. Камерунскиот удирач го победи Ренан Фереира со нокаут во првата рунда на настанот ПФЛ во Ријад.

По неколку размени на удари на почетокот на мечот, Френсис го соборуваше Ренан и бараше поволен момент со жестоки удари да ја заврши борбата.

На Нгану му беше тешко да ги контролира своите емоции и да ги задржи солзите, кога го прашаа како се чувствува, тој рече:

„Не знам. Не можам да мислам на ништо друго освен на Коби“.

Френсис оваа победа му ја посвети на својот 15-месечен син Коби, кој почина во април.

„Постојано ми велеа дека сум опасен тип и почнав да верувам. Неодамна дознав дека не сум. Понекогаш сакаш да побегнеш од се, бидејќи ја чувствуваш суровоста на животот“, рече Френсис Нгану и додаде:

„Никогаш не знаев какво е тоа чувство. Луѓето се обидуваат да разберат од сочувство, а јас не можам да го опишам тоа. Беше тешко. Морам да научам да живеам со тоа, но немам толку време да го преболам. Можеби никогаш нема да можам да зажалам. Ова е нов начин на живот“.

По завршувањето на Бразилецот, Нгану остана потпрен на оградата на октагонот и за момент остана сам со своите мисли.

„За жал, повторно ќе има предизвици пред мене, но повеќе нема да бидам истата личност кога ќе влезам во арената. Но, докажав дека можам да се борам и да се носам со притисокот“, потенцира Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО