„Вие велите дека тој е шампион со причина, Да, тоа точно. Тој е шампион со причина, а причината е што вистинскиот шампион не беше овде. Сега кога вистински шампион доаѓа, Миочиќ веќе нема да биде шампион“, изјави Френсис Нгану само десет дена пред да влезот во октагонот против шампионот на УФЦ Стипе Миочиќ во главната борба на УФЦ 220.
Камерунскиот горостас во разговор за MMAJunkie тврдеше дека има предност во однос на Миочиќ во секој поглед. И покрај тоа што тој со слободните борби почна пред неколку години, а Стипе е поранешен НЦАА/NCAA борач и Голден гловс боксер, Нгану е уверен дека е подобар во кој било сегмент на слободната борба.
„Се разбира, дека Стипе е добар борач, но малку со мојата техника, плус мојата сила … Можам да го завршам овој меч каде што сакам, кога сакам. Секоја работа што ќе се обиде ја употреби против мене ќе ја сопрам. Ќе му поставам стапици, и тој ќе се фати во еден од нив“, објаснува Нгану.
На победникот ќе му припадне етикетата „најопасниот човек на планетата“ која досега ја имаше хрватско-американскиот нокаутер. Нгану силнои го сака овој прекар, бидејќи верува дека се работи за битна работа…
„Тоа е нешто многу важно – не можете да кажете дека тоа не значи ништо. Тоа е многу важно, но дали е тоа се? Не, тоа е само еден чекор. Сè што правев досега, го правев чекор по чекор. Така планирам и понатаму. Ова е само чекор кон она што ќе го постигнам“, ветува Камерунецот со француски пасош и додава:
„Не сакам само да го победувам Миочиќ и да станам шампион. Тогаш тоа не готово за мене. Сакам да направам нешто навистина посебно. Не знам што, но нешто што никој досега не го направил“.
Нагану можеби не знае дека пред едно такво достигнување е токму Миочиќ. Имено, ако победи и во третата последователна одбрана на шампионската титула во тешка категорија, од рака ќе му тргне нешто што на неикого до сега не му тргнало. Стипе со тоа ќе стане најуспешниот и најдобар тешкаш во историјата на УФЦ. Сепак, Нгану има свој план и не се сомнева во победата над Миочиќ.
„Понекогаш сето ова ми се чини нормално, бидејќи и пред дебито за УФЦ имав некое чувство и вера во себе. Отсекогаш верував дека ќе успеам и ќе направам нешто посебно. Дури и пред да одам во слободните борби. Всушност, тоа беше причината за моето влегивање во спортот. Ако во себе почувствувате дека имате нешто посебно, што не може да го објасните, тоа едноставно треба да и го покажете на луѓето“, заклучува Нгану за MMAJunkie.