Френсис Нгану го чека победникот од реваншот меѓу Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер.
Иако не е потврдено дека тој ќе биде следниот предизвикувач за титулата во тешка категорија, камерунскиот борец очекува по третиот последователна нокаут да се бори за титулата.
Во првиот напад на титулата, во јануари 2016 година, Нгану изгуби со едногласна одлука по пет рунди од Миочиќ. Потоа имаше уште еден разочарувачки перформанс против Дерик Луис кој го следеше повторен подем.
„Предаторот“ во следните три меча ги нокаутира Картис Блајдес за 45, Каин Веласкез за 26 и Дош Сантос за 71 секунда.
„Имам многу искуство во овој бизнис. Сега гледам како фунционираат работатите. Се обидувам да влезам во добра позиција, да се опкружувам со добри луѓе и да имам што е можно подобри вибрации“, изјави тој за MMA Junkie.
Кормиер го победи Миочиќ во првата борба минатото лето и Нгано го очекува истиот исход и во реваншот.
„ДК може повторно да победи. Но, овој пат би можел да победи со завршница (сабмишн). Така го предвидувам исходот на борбата“.