Френсис Нгану продолжува да работи напорно за да договори меч против Тајсон Фјури, иако во последните неколку недели Дна Вајт и неговите луѓе прават се што можат за да се случи слична средба со Џон Џонс. Се чини дека ова го налути Предаторот бидејќи гледа реакција на неговото заминување на крајот на 2022 година.
„Додека бев во УФЦ, оваа тема воопшто не беше отворена. Сега не сум таму и сè е насочено кон соборување на Нгану. Но, Нгану ќе биде наоколу уште малку. Ништо не може да ме скрши“, изјави Камерунецот за ММА Фајтинг.
Тој во меѓувреме призна дека се уште е далеку од затворање на договорот со „Џипси Кинг“, но нивните тимови се во контакт за да ги придвижат работите напред.
Francis Ngannou and Jon Jones are in the same building tonight, but Ngannou says "it's just business" from his end.
"There is nothing personal. It’s a good rivalry that I’d really like to have with Jon Jones because I think he’s a great fighter. I’m cool.” pic.twitter.com/A4QxBPyCOE
— MMA Fighting (@MMAFighting) June 17, 2023