Френсис Нгану проговори малку за неговиот тежок живот пред големата борба викендов. Страшниот нокаутер од Камерун е на врвот и е во центарот на вниманието, но тоа не беше случај пред неколку години. „Предаторот“ работел во рудниците за песок во својата татковина уште од дете за да преживее. Тој имаше сон, а тоа беше да влезе во боксот и да стане шампион.
Еден дамнешен ден Нгану ги спакува куферите замина во Европа по подобар живот. Неговата авантура е достојна за филм и скоро сигурно еден ден ќе ја има. Овој викенд, Нгану по втор пат ќе се обиде да стане шампион во УФЦ.
Пред него е Стипе Миочиќ во главната борба на УФЦ 260 во Лас Вегас. Френсис загуби со одлука на судиите во првата битка, но сега е убеден дека ќе победи.
„Моето патување од Камерун до Мароко беше скоро една година. Поминав една година во нелегални ситуации. Преминав граници, живеев во грмушки, најоѓав храна во ѓубрето и го поминав овој ужасен живот. Беше постресно отколку застрашувачко.
Кога отидовме во Шпанија беше релаксирачко, иако бевме во притвор. Ќе не пуштеа, но прво требаше да поминеме низ центарот за притвор. Имаше голема напнатост во нашите умови. Може да се каже дека тоа беше ментален затвор, а не физички. Беше многу тешко“, раскажа за тешкиот пат од Камерун кон Европа Нгану.