Нгану го сака Фјури и во бокс и во ММА меч

Една од најголемите опасности во тешка категорија на ММА е дефинитивно Френсис Нгану. Го достигна врвот на ММА, од улиците на Франција, каде што живеел неколку месеци, откако го напушта родниот Камерун. За само шест години, Нгану забележа 14 победи со завршница и 3 порази со одлука на судиите,но не успеа да стане шампион во УФЦ. Сепак, новата серија на победи со нокаут повторно го рангираа на првото место меѓу предизвикувачите.

Првата љубов на опасниот борец е боксот, а сè уште има желба да се испроба. Неодамна, Нгану ги подобри своите вештини со Мајк Тајсон, кој го учи како да боксира против Тајсон Фјури. Ова не е случајно, затоа што пред извесно време Фјури изрази желба да се испроба во ММА против Нгану, а сега во интервју за ТМЗ опасниот Камерунец рече дека е подготвен за борби со Фјури и во бокс и во ММА.

„Тајсон Фјури сака да го направи дебито во УФЦ и ме спомна мене и Миочиќ. Очигледно дека сум подготвен да се борам против него 100 проценти. Знам дека ова нема да биде лесно за него. Подготвен сум да му ја вратам услугата, затоа што отсекогаш сум сакал да се борам во рингот. Тоа ќе биде остварување на сонот,бидејќи со години сонував да се борам во боксот.

Да, дефинитивно сакам да се борам со Фјури во рингот и во кафезот. Сакам да му дадам шанса. Веќе подолго време го следам Фјури и знам за што е способен. Верувам дека можам да го победам со добар тренинг камп. Мајк Тајсон се согласи да ме подучи и Фјури ме предизвика. Сега не треба да се плашите, затоа што е доцна. Ајде да го направиме тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON