Шампионот на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану се закани дека ќе ја прекине борбата со Сирил Ганe најдоцна до втората рунда. Предаторот ќе се соочи со својот поранешен соборец на гала вечерта на 22 јануари. Битката се очекува со голем интерес, со оглед на тоа што Французинот жестоко упадна во октагонот и беше непоразен во 10 последователни натпревари.
Сепак, според Нгану, тоа нема да биде важно. Притоа најави во која рунда ќе заврши со предизвикувачот.
„Нокаутот обично не доаѓа кога го барам, па затоа нема да му пристапам ниту на овој начин. Но, искрено, не гледам причина да не завршам со Гане до крајот на втората крунда. Зборуваме за борба, ова не е некакво карате. Сè се сведува на тоа да го завршам, и јас ќе го сторам тоа“, рече Нгану.
Тој зазеде став и за темата на неговиот истек на договорот. Дуелот со Гане е последен во неговиот актуелен договор, а „Предатор“ е дециден дека нема повторно да потпише со УФЦ доколку не му се соберат парите и не постои клаузула дека може да учествува во боксерските мечеви. Како што е познато, Френсис е уверен дека може да го победи Тајсон Фјури и да биде шампион во два различни спорта!
„Нема повеќе да се борам за трошки. Не сакам да ми понудат договор за 500-600 илјади долари. Ова е смешно. Мора да има две работи во договорот – подобри финансиски услови и дозвола за учество на боксерски натпревари. Во спротивно нема да има договор“, изјави Нгану.