Френсис Нгану, кој е шампион на УФЦ во тешка категорија, ја демонстрира силата на неговите стомачни мускули. На тренинг, Камерунецот го принуди борецот Рајдер Њуман (2-1) да го удри со сета сила во стомакот. Иако беше затегнат, Нгану ја почувствува силата на Њуман. Веднаш после тоа, едно младо момче доби можност да го погоди шампионот во тешка категорија на УФЦ.
Видеото беше дел од предизвикот „Bodyshotchallenge“, кој добива популарност на социјалните мрежи.
Да потсетиме, Френсис Нгану ја освои светската титула во тешка категорија брутално нокаутирајќи го поранешниот шампион – Стипе Миочиќ во главната борба на УФЦ 260, што се одржа кон крајот на март.
Африканецот е во страотна форма, откако ги победи последните 5 натпревари во УФЦ со нокаут. Пред нокаутот против Миочиќ на почетокот на втората рунда, Камерунецот ги совлада Картис Блејдс, Каин Веласкез, Жуниор дош Сантос и Жаирзињо Розенструик. Победата над секој од нив беше постигнат за околу или нешто повеќе од 1 минута.
Вкупниот биланс на „Предаторот“ е 16 победи и само 3 порази (од Дерек Луис, Стипе Миочиќ и Зумана Сисе). Сите победи се пред последниот удар во гонгот (12 со нокаут и 4 со завршница).