Френсис Нгану (14-3 ММА, УФЦ 9-2) го победи Жуниор дош Сантос (21-6, 15-5 УФЦ) во главната борба на УФЦ настанот во Минеаполис.
Во мечот кој најверојатно ќе го даде следниот предизвикувач за титулата во тешка категорија, Камерунецот го порази поранешниот шампион за само 70 секунди.
Се очекува Нгану да се бори против победникот од средбата меѓу Даниел Кормиер и Стипе Миочиќ.
Миочиќ го победи Камерунецот со едногласна одлука на судиите во јануари 2018 година. По тој пораз, Нагану загуби на истиот начин и од Дерик Луис. Тој се врати со три брзи нокаути – го заврши Кертис Блајдес за 45, Каин Веласкес за 26 и Дош Сантос за 70 секунди.
Откако беше во серија од три порази против најдобрите велтераши (Камару Усман, Колби Ковингтон и Тајрон Вудли) Демијан Маја (27-9, 21-9 УФЦ) во својата 30-та борба за УФЦ со едногласна одлука на судиите беше подобар од Ентони Рока Мартин (16-5, 8-5 УФЦ) и дојде до уште една последователна победа. Мартин влезе во мечот со четири последователни победи.
Џозеф Бенавидез (29-5, 16-3 УФЦ) по втор пат во кариерата го победи Жусиер Формига (23-7, 9-6 УФЦ) со технички нокаут и го изедначи рекордот по боројот на победи во мува категорија на УФЦ.
Непоразениот полутешкаш Алонзо Менифилд (9-0, 2-0 УФЦ) го казни Британецот Пол Крег (11-4, 3-4 УФЦ) за промашениот удар со нога од вртење и го нокаутира по три минути борба во првата рунда.
Морис Грин (9-2 ММА, 4-0 УФЦ) многу подобро му оди ММА во УФЦ отколку кикбоксот во Глори. 32-годишниот Американец во првата рунда го нокаутира Бразилецот Жуниор Албини (14-7 ММА, 1-5 УФЦ) и ја оствари четвртата победа во истиот број на настапи за американската прмоција
УФЦ на ЕСПН 3 – Резултати
Френсис Нгану – Жуниор дош Сантос – TKO (Р1, 1:11)
Џозеф Бонавидес – Жусиер Формига – ТКО (Р2 4:47)
Демијан Маја – Ентони Роко Мартин – едногласна судиска одлука
Винч Пикел – Рузвелт Робертс – едногласна судиска одлука
Дрју Добер – Марко Поло Рејес – ТКО (Р1 1:07)
Алонзо Менифилд – Пол Крег – КО (Р1 3:19)
Рикардо Рамос – Џорнеј Њусон – едногласна судиска одлука
Ерик Андерс – Винициус Мореира – КО (Р1 1:18)
Џаред Гордон – Дан Морет – едногласна судиска одлука
Далча Ланџијамбула – Деуан Таунсенд – ТКО (Р3 0:42)
Аманда Рибас – Емили Витмир – САБ (Р2 2:10)
Морис Грин – Жуниор Албини – ТКО (Р1 3:38).