Нгану: 70 отсто е веројатноста за битка со Фјури

Откако Тајсон Фјури забележа нокаут победа над предизвикувачот Дилиeн Вајт, почнаа шпекулациите за неговиот следен противник.

Сепак, Фјури ги изненади сите со изјавата дека има намера да се повлече од професионалниот бокс, но додаде дека има интерес да се бори со Френсис Нгану.

За овој меч се зборува веќе некое време и се чини дека и двајцата борци се заинтересирани да го реализираат.

Нгану изјави дека е посигурен оти наскоро ќе биде во рингот со Фјури.

„И двајцата го сакаме овој меч, тоа е јасно. Се почитуваме. Веројатно следната година ќе се случи оваа борба. Мислам дека ќе се случи. Прашањето е нашите организатори да се договорат, но тоа ќе се случи во одреден момент. Рече дека шансите се 70 отсто Фјури ќе биде мојот следен противник. Тоа е неговата страна наспроти 90 проценти од моја“, вели Нгану.

Очигледно е дека за таков судир ќе бидат многу тешки преговорите меѓу двете страни, а и во такви борби меѓу ММА борец и боксер никогаш не е лесно. Но, ако сакате да заработите многу пари, тогаш дефинитивно вреди да се проба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON