Американскиот ММА борец Ерик Андерс објави неколку фотографии на социјалните мрежи од повредата што ја заработи поради несмасното користење на моторна пила.
Имено, Андерс ја пресекол горната страна на десното стапало, па морал да побара лекарска помош.
Откако исекотината беше санирана со неколку конци, Ерик на Инстаграм објави фотографии од повреденото стапало пред и по шиењето.
„Моторните пили не се направени за левучари“, напиша борецот во соопштението.
Андерс е во УФЦ од 2017 година по осум победи во низа. Во професионалната кариера освои 14, а има шест порази, еден меч е откажан.
Последната борба ја имаше во декември минатата година кога загуби со завршница (армбар) против Андре Муниз на УФЦ 269.
Во неговите помлади денови беше тренер по американски фудбал, па дури и потпиша за НФЛ Кливленд Браунс, но никогаш не играше за нив.