Многу работи во џиу џицу меч може да тргне наопаку, но нокаутот дефинитивно не е на врвот на листата. На Европското ИБЏЏФ/IBJJF првенство во Португалија еден меѓу белите појаси заврши со дисквалификација на која е претходеше нокаут, како и катастрофалната реакција на судијата.
Клаудио Лопез во обид да избегне давење со триаголник го зачука Марко Гарсија на подот и за кратко го нокаутираше. Но самиот нокаут не е толку загрижувачки како што е рекацијата, или подобро кажано недостаток на рекација, судијата кој го надгледуваше меч. Судијата не смееше да даде вербална опомена, бидејќи со тоа ќе ги прекршеше правилата, но сепак, неговата реакција по нокаутот е катастрофална.
Освен тоа што не го прекине мечот во истата секунда кога Гарсија удри со главата на партерот, дотичниот господин не повика лекар да му помогне на повредениот борец.
Снимката од мечот може да погледенте на FloGrappling.