Доколку би се вратил на 57 години тоа би било навистина сензационално. Неверојатни вести пристигнаа од светот на боксот.
Ивандер Холифилд (57) кој во 2011-та година се повлече од професионалниот спорт по победата со технички нокаут над Брајан Нилсен во Копенхаген, најавил дека сака повторно да се врати во рингот.
Се надева дека ќе се натпреварува со Ридик Боу кој уште подолго е надвор од боксот од него, од 2008-та година, а има 52 години.
Тие двајца се бореле три пати од 1992 до 1995-та година, а Боу славел во два натпревари од вкупно три, а поради тоа Холифилд сака да се одмазди.
„Се надевам дека тоа ќе се случи иако во последно време никој не зборуваше со мене за тоа. Доколку се случи, се случи, ако не нема врска. Сакам тоа да биде со Ридик Боу затоа што сме пријатели. Парите за кои зборуваат би биле одлични за само три рунди. Подготвен сум, можам да го издржам тоа“ – истакнал Холифилд чиј син Еван почнал исто така да се занимава професионално со боксот.