Минатиот викенд пристигна вознемирувачко видео од боксерски настан во Јужна Африка на кој еден од борците залудно почнал да боксира.
Имено, боксерот бил целосно изгубен, не знаел каде се наоѓа и против кого се бори.
Несреќниот Симисо Бутелези се бореше против Сифешихле Мнтунгве и доминираше во текот на целиот натпревар.
А потоа во десеттата рунда во еден момент се префрли во друга насока од противникот и почна да мава во празнина.
Судијата го прекина мечот, а Бутелези беше пренесен во болница.
Несреќниот боксер е во индуцирана кома, а тоа го потврди и неговиот тренер Беки Мнгомезулу.
„Неговата здравствена состојба не е променета, моментално е во индуцирана кома“, рече Беки Мнгомезулу и додаде:
„Лекарите велат дека можел да има згрутчување во мозокот поради удар во главата, но при борбата не видов дека добил сериозен удар. Мислам дека имаше нешто друго, многу позлобно“.
Доктор Буји Мабасо-Дламини посочува дека здравствената состојба на Бутелези е многу тешка.
„Неговата состојба се уште е критична. Можно е да се работи за долготрајни повреди. Кога го донесоа во болница, состојбата му се влоши, беше полошо отколку кога го однесоа од салата“, изјави Буји Мабасо-Дламини.
Very scary in South Africa please 🙏🏼 for Simiso Buthelezi (4-1). At 2:43 of the 10th & final round, Siphesihle Mntungwa (7-1-2) falls through the ropes but then Buthelezi appears to lose his understanding of the present situation. Mntungwa takes the WBF African lightweight title pic.twitter.com/YhfCI623LB
— Tim Boxeo 毎日がボクシング (@TimBoxeo) June 5, 2022