Дана Вајт даде интервју по повод откажувањето на борбата Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз на УФЦ 200. Вели дека причината за сето тоа не е од финансиска природа, но и дека се уште има шанси да се врати борбата на програмата.
Претседателот на УФЦ ја коментираше ситуацијата и уште еднаш потврди дека проблемот настанал околу промотивните активности кои борците треба да ги одработат. Мек Грегор во моментов е на подготовки во Исланд и немаше нмаера да доаѓат во Лас Вегас, каде што требаше да учествува на прес-конференција.
„Не дека барам Конор да прави нешто што другите борци не го работат. Така што, не ми е јасно зошто Конор полуде заради ова. Тој е разумен човек, паметно момче и сака пари. Така што ова ми е многу чудно“, ја коментира Вајт ситуацијата.
Сепак, и понатаму останува впечатокот од кој ММА фановите не може да побегнат, а тоа е дека целата ситуација е создаден поради пари и тоа дека Мек Ггрегор почнал да бара нешто што за неговите работодавачи веќе не е нормално. Вајт го негираше тоа:
„Не, ниту еден момент ова не беше за пари. Конор заработува големи пари и е среќен со износот што го печали. Исто така, тој е човек кој се држи до своите зборови и никогаш не се откажал ниту побегнал од една борба која ја договорил. Конор не е таков човек“.
Се уште постојат шанси за борба против Дијаз, но за да се задржи, Ирецот ќе мора да го прекрши својот збор и прв да го земе телефонот и да го сврти бројот на Дана Вајт:
„Тој донесе одлука дека нема да настапи овој пат, иако тоа е начинот на кој зарботува, така што, се е во негови раце. Ништо не е до мене, а шоуто ќе продолжи и без него. Па, ако ми се јави по ова интервју, се уште има шанси да се врати борбата на програмата. Едноставно, борецот мора да ја промовира својата борба и да снима реклами за неа. Ние ќе потроши околу 10 милиони долари за промовирање на настанот УФЦ 200, така што тој не може да ни го направи тоа. Не е важно кој си и што мислиш дека си, едноставно тоа не може да го работиш“.
Така, УФЦ нема намера да се повлече од своите барања. Сега останува да се види дали Конор сака да направи пари.