Непоразениот Хаиме Мунгуја стигна до 38-та победа во кариерата и го прозва Головкин

Непоразениот поранешен шампион на ВБО во полусредна категорија, 25-годишниот Хаиме Мунгуја ja продолжи својата успешна серија.

Мексиканскиот боксер на настанот во Анахајм со едногласна одлука на судиите го победи Американецот Габриел Росад и со тоа стигна до 38. победа во кариерата.

Мунгуја смета дека е дојдено време да направи поголем чекор во кариерата и по мечот го прозва Генади Головкин.

Казахстанецот се враќа во рингот на 29 декември во Саитама арената во Јапонија, каде ќе боксува против локалниот борец Риота Мурата.

Головкин ќе се бори против олимпиецот од Лондон за обединување на шампионските појаси на ВБА и ИБФ.

„Сака да се бори против Генади Головкин. Тоа би била одлична борба во која публиката би можела да ужива“, Хаиме Мунгуја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON