Азамат Мурзаканов ќе дебитира во најпознатиот ММА синџир во светот.
„Професионалецот“, како што е псевдонимот на рускиот борец, ќе ги одмери силите во октагонот против Марцин Прачнио на УФЦ Фајт најт 198 на 20 ноември. Мечот ќе биде во полутешка категорија. Потсетуваме, тој требаше да дебитира во 2019 година, но беше суспендиран две години од конкурентни ММА права од страна на Американската анти-допинг асоцијација. Русинот ги прекрши анти-допинг барањата на УФЦ во 2017 година.
Мурзаканов има биланс од 10 победи на 10 средби. Тој побед во 8 од нив со прекин (7 со нокаут и 1 со принуда). Професионалната кариера за Русинот започна во 2010 година во ММА федерацијата во родниотр Налчик. Таму го нокаутира Анзор Какимов по само 10 секунди. Неговиот втор судир беше пет години подоцна. По уште 5 последователни победи потпиша со АЦА, за која се избори еднаш – победа над Георги Сакаев со технички нокаут во првата рунда, по што се пресели во Фрајев ФЦ. Две последователни победи во организацијата го привлекоа вниманието на УФЦ и му понудија меч во „Челинџер серијата на Дана Вајт“. Успешниот нокаут по точно три минути над Метјуз Шефел пред околу 10 дена значеше и договор со УФЦ.
Марчин Прачнио има биланс од 15 победи и 5 порази во ММА. Тој победи на 12 средби со завршница (11 со нокаут и 1 со принуда). Полјакот беше во серија од 8 последователни победи пред да потпише со УФЦ, а е поранешен шампион во ОНЕ Шампионатот. Три последователни порази со нокаут во првата рунда во првите три меча за најпознатиот ММА синџир во светот (од Сем Алви, Магомед Анкалаев и Мајк Родригез) за малку ќе го ослободеа Полјакот од компанијата, но во последните две средби, Прачнио возврати со 2 победи – со одлука над Халил Раунтри и нокаут на почетокот на втората рунда над Исак Вилјануева.