На неодмна завршеното Европско првенство во кик бокс во Лутраки, Грција, Ненад Манојловски (-69 кг) го освои бронзениот медал во кик лајт и така по светската титула додаде уште еден медал во својата колекција.
Во неговата категорија имаше најмногу борци. На карјот дали си задволен од постигнатиот резултат, односно освојувањето на бронзениот медал, кога веќе се средија емоциите?
„Не сум најзадоволен од резултатот, иако дадов се од себе“!
Дали титулата светски првак ти претставуваше оптоварување?
„Товарот е голем, но конкуренцијата беше исто така голема“.
Што беше пресудно во полуфиналето?
„Се борев во полуфинале со европскиот првак. Едноставно, не можев да го изработам тоа што го сакам за да дојдам до победата. Велам голема конкуренција, затоа што сите медалисти се веќе познати во оваа дисциплина и од категорија на Украинецот. Како што кажав беше актуелен европски првак, репрезенативецот од Турција кој го освои третото место оваа година, предходната година беше втор, откако го победив во финалето. Јас, како актуелен светски првак и репрезентативецот од Италија, кој се натпреварува и како профеционалец, стигна до финалето и со леснотија ја заработи европската титула“.
Кои се твоите идни планови?
„Откако ја видов конкуренцијата, сигурен сум дека истите ќе се појават и на Светското првенство следната година. Затоа планирам да работам напорно со новото раководство на Федерацијата, мојот матичен тренер и селектор, а сега новоизбран претседател, Дејан Митровски Урко и трененот на репрезентацијата Драган Атанасовски. Сигурен сум дека ќе имам, но и целиот тим од репрезентацијата, подобри услови за работа. А целта ми е да ја одбранам титулата. Се надевам дека ќе добиеме уште неколку светски прваци“.
Ipon.mk/В.Д.