Немате никакво почитување спрема боксот. Ќе го напуштам стадионот пред мечот Мајк Тајсон-Џејк Пол

Враќањето на Мајк Тајсон во рингот е нешто што треба да ги возбуди љубителите на боксот, но кога ќе се земат предвид околностите под кои Тајсон наскоро ќе се врати, не е чудно што има многу критики за неговиот скорешен меч.

„Железниот Мајк“ е еден од најпопуларните боксери во историјата на спортот, а во рингот треба да се врати на 15 ноември. Тајсон има 58 години и веќе некое време се бори со здравствени проблеми, но новиот боксерски настап би бил сварлив доколку го чека противник на слична возраст и здравствена состојба.

За жал, Мајк Тајсон ќе се бори против Џејк Пол, кој е дури 31 година помлад од него. Во 1986 година Мајк Тајсон ја освои првата светска титула, а нешто повеќе од десет години потоа се роди Џејк Пол. Во времето кога Тајсон се збогуваше со професионалниот бокс (во 2005 година), Пол беше на почетокот на своето основно образование. 19 години подоцна дуото ќе ги вкрсти ракавиците во рингот и повеќе од јасно е зошто многумина се против овој меч.

Особено овој меч им пречи на постарите љубители на боксот кои веројатно ќе бидат сведоци на сцена каде што нивниот омилен боксер губи боксерски меч од тип кој до пред неколку години бил јутјубер и немал врска со бокс. Тешко е да се замисли голем како Тајсон да загуби од некој како Џејк Пол, но големи се шансите тоа да се случи за нешто повеќе од еден месец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)

Меѓу критичарите на овој меч беше и Еди Херн, кој во неколку наврати ја критикуваше оваа борба, а пред мечот помеѓу Бивол и Бетербиев упати нова низа критики упатени до медиумите. Своето незадоволство од враќањето на Тајсон во рингот Херн му го изрази на познатиот репортер Мајкл Бенсон.

„Мислам дека е голема штета што една од најголемите легенди на овој спорт се враќа 20 години по период кога сите знаевме дека треба да престане да боксира. Сега има 55 или што и да е. Тој има 58? Па, тој има речиси 60 години. Немате никакво почитување спрема боксот ако го натерате 58-годишниот Мајк Тајсон да зачекори во рингот, одговорноста е на луѓето кои го натераа да се бори. Ќе го погледнам мечот на Кети Тејлор (-Амнда Серано) и потоа ќе си заминам. Не можам да го гледам тоа“, рече Херн.

Еди сепак ќе го посети стадионот AT&T во Тексас, но пред се за новиот настап на Кејти Тејлор, која ја следеше како промотер во текот на нејзината професионална кариера. Најголемиот боксерка во историјата ја чека реваншот со Аманда Серано, а во игра се сите четири светски појаси во суперлесна категорија. Откако Тејлор и Серано ќе ја завршат борбата, Херн планира да го напушти стадионот. Тешко е да го обвиниме, на многумина веројатно ќе им биде тешко да го гледаат мечот меѓу Тајсон и Пол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON