Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) нема закани за суспензија од Обединетото светско борење (UWW/ОБС), бидејќи долгот од 13.500 швајцарски франци е подмирен кон ОБС.
Да потсетиме дека пред почетокот на Светското првенство во борење во Лас Вегас стигна предупредувачко писмо, последна опомена, до ФБСМ за неплатен долг кон Обединетото светско борење за подмирување на долгот од 33.725 швајцарски франци, однонсо 40 отсто од вкупната сума 13.500 франци до 15 август, во спротивно требаше да се збогуваме со учеството на СП.
Писмото беше потпишано лично од претседателот на ОБС, Ненад Лаловиќ, а беше упатено да ФБСМ и нејзиниот тогашен претседател Чедо Николовски.
Инаку, вкупните долгови на Федерацијата до тогаш беа околу 47 илјади евра, и надворешен и внатрешен долг.
ФБСМ пополека ги решава натрупаните проблеми, па така се исплатени заостанатите плати на техничкото лице во Федерацијата, долгот за здравствени услуги кон Ремедика (183.000 денари), поради што во април беше блокирана сметката.
Склучен е договор за соработка со градежната фирма„Адора инжинеринг“, која ќе донира по 1.500 евра месечно, а се решаваат и некои други долгови, кои се настанати од порано за подготовки на репрезентациите. Од друга страна, патувањето на СП во Лас Вегас е чисто, а е набевна спортска опрема за нашиот тим во висина од 72.520 денари и се платени подготовките во Радовиш. Исто така, се покриени сите трошоци за СП за кадети во Сараево, Босна и Херцеговина, во износ од 96.685 денари.
Ова е добар почеток за правење на позитивна атмосфера и трасирање на патот за враќање на борењето на старите патеки, иако резултатите на СП беа разочарувачи.
ipon.mk/В.Д.