На настанот ОНЕ 166 кој се одржа викендов можевме да бидеме сведоци на историски момент! Анатоли „Сладки“ Малихин стана првиот борец кој некогаш истовремено го држел појасот во дури три тежински категории.
Незапирливиот Русин е шампион во средна, лесна и тешка категорија. Тоа му успеа кога во петокот го запре холандскиот борец и поранешен шампион во полутешка категорија, Рениер де Ридер (16-2). По настанот на прес-конференцијата, Чатри Ситиодтонг, претседателот на ОНЕ, охрабрен од боксерскиот спектакл што не очекува оваа сабота, изјави како според него би изгледала борбата меѓу трикратниот шампион и камерунскиот гигант.
Anatoly Malykhin made history and he's now ONE CHAMPIONSHIP TRIPLE, MIDDLEWEIGHT, LIGHT HEAVYWEIGHT AND HEAVYWEIGHT CHAMPION!
Book him against Francis Ngannou now.
— Giorgi Kokiashvili 🇬🇪 (@iHeartGeorgius1) March 1, 2024
„Воопшто нема сомнеж дека Анатоли е најдобриот тешкаш во светот, точка! Тој ја објасни својата изјава и објасни зошто е толку цврст:
„Анатоли ги доби сите негови борби со прекин. Тој има сила за нокаут да ги заврши борбите со еден удар и поседува елитно борење”.
„Сладки“ постигна импресивен рекорд – не загуби во сите 14 професионални борби, во кои дури 10 пати победи со нокаут, а четири пати го принуди противникот да се предаде.
„Предаторот“ објави дека, без разлика на исходот од борбата со Џошуа, би сакал да ја продолжи боксерската кариера, но и да одработи уште неколку ММА натпревари. Борбите меѓу истакнати борци од различни организации се секогаш интересни, а доколку дојде до судир меѓу двајца толку доминантни спортисти, сигурно би била ноќ за паметење!