Некој и пријде од зад грб на жена ми, и ја стави раката на стомакот и ѝ шепотеше на уво, а потоа…

Дастин Пориер не можеше да се воздржи во насилна улична тепачка откако некој ја стави раката на неговата сопруга.

Пориер се смета за еден од најучтивите и најомилените борци во светот на ММА, но призна дека ако некој го допре неговото семејство, тој е подготвен да ја покаже својата темна, жестока страна.

Во емисијата „Изминатиов викенд со Тео Вон“, Пориер раскажа еден инцидент од карневалот на Марди Грас:

„Еден Марди Грас, долу во Лафајет, Луизијана, бев кај мојот брат, имаше една улична забава, а мојата сопруга се потпре на оградата и разговараше со некого. Овие момци од соседството дојдоа до неа, еден од нив дојде одзади, ја стави раката на нејзиниот стомак и почна да ѝ зборува во уво, и човече“, рече Пориер.

Водителот Тео Вон почувствува што доаѓа и рече: „А потоа полуде“?

Пориер потврди: „Да. Го тргнав од неа. А имав еден пријател кој беше заинтересиран за тепачки, и почна да го удира овој човек и неговите луѓе еден по еден. Секој удар што го фрли погодуваше, сите паѓаа. Тој беше 100% прецизен таа вечер.

Почнав да го удирам тој човек, но тие имаа многу повеќе пријатели од нас. Мојот брат не е борец, па не излезе од куќата да се бори, но луѓето се тепаа околу нас.

На крајот се потпрев на грбот на автомобилот затоа што нè опкружуваа. Добив неколку аперкати. Беше лудо. Типични работи за Марди Грас“, рече Пориер.

Откако ја слушна приказната, Фон заклучи: „Марди Грас е забавно. Сè може да се случи за време на Марди Грас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON