Поранешниот шампион на УФЦ, Каин Веласкез, би можел да ги помине следните 20 години во затвор доколку биде обвинет за обид за убиство во инцидент во калифорнискиот град Морган Хил.
Имено, тоа е минималната казна за обид за убиство со умисла, додека максималната казна е доживотен затвор.
Првичните извештаи не кажуваат што довело до инцидентот, но полицијата подоцна потврдила дека Веласкез го возел својот автомобил по друго возило во кое било пронајдено лице обвинето за злоупотреба на член на неговото семејство, ја споменуваа неговата ќерка. Но, Рајан Бадер објави информација дека 4-гоидишниот син на Каин бил жртва на педофил, а тоа може да биде и пресврт во целиот случај.
А обвинет е 43-годишниот Хари Гуларте, чија мајка Патриша се грижела за децата на Каин во последните две години.
Опишани се и детали за инцидентот. Имено, поранешниот шампион со својот Форд удрил во страната на Силверад каде што биле три лица, Хари Јуџин Гуларте, кој живее во куќа во која има градинка во сопственост на неговата мајка Патриша, која исто така била во возилото, и Пол Бендер.
Веласкез потоа го следел возилото и испукал два истрели од пиштол додека возел, погодувајќи го во раката очувот на Хари. Пол Бендер е надвор од животна опасност.
Поранешниот шампион подоцна бил приведен без отпор, а во неговото возило биле пронајдени полуавтоматско оружје и муниција.
Обласниот обвинител истакнува колку е тажно што Каин Веласкез одлучил да ја земе правдата во свои раце, нанесувајќи му на семејството уште повеќе страдања.