Некогаш жареше и палеше на теренот во дресот на Манчестер Јунајтед, а сега ќе го има деби во кафезот на ММА

Еден од најпознатите дефанзивци на својата генерација, Патрис Евра, официјално ги менува копачките за ракавици на ММА.

Како што е потврдено за ММА фајтинг, поранешниот капитен на француската репрезентација и долгогодишна ѕвезда на Манчестер Јунајтед потпиша договор со ПФЛ, каде што ќе го има своето аматерско деби во ММА на 23 мај во арената „Акор“ во Париз.

Сè уште не е познато кој ќе застане на другата страна од кафезот за Евра, но 43-годишниот поранешен фудбалер ги сфатил сериозно подготовките. Тренира заедно со Седрик Думбе, еден од најпознатите француски ММА борци на денешницата.

Самиот Евра го објави почетокот на својата нова кариера на социјалните мрежи во препознатлив стил:

„ВЕСТ: Официјално тренирам за мојата прва борба за настанот на ПФЛ Европа. Тие ќе го изберат мојот противник. Ме прашаа кого сакам. Реков Луис Суарез. Ќе платам од свој џеб, можеби дури и ќе ме касне“, напиша тој шегувајќи се на Твитер, потсетувајќи се на познатиот инцидент од 2011 година кога Суарез беше суспендиран поради навреда на Евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PFL Europe (@pfleurope)

Вечерта која е предводена од борбата меѓу Мансур Барнауи и Арчи Колган во лесна категорија, ќе биде дополнително зачинета со враќањето на поранешниот борец на УФЦ, Тејлор Лапилус, кој се бори против Али Талеб.

Евра има брилијантна спортска кариера зад себе – 379 настапи за Манчестер Јунајтед, пет титули во Премиер лигата, освојување на Лигата на шампионите и настапи за гиганти како Монако, Јувентус и Марсеј. Тој ја заврши играчката кариера со краток престој во Вест Хем.

Сега, еден од најхаризматичните фудбалери на новата ера ќе се обиде да ја освои боречката публика. Наскоро ќе видиме дали Евра може да остави белег во октагонот на ПФЛ со заразниот ентузијазам, но и вистински борбен дух.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON