Пред неколку дена, Дастин Пориер изјави дека е подготвен да се бори со Нејт Дијаз во наредните недели. Ова е битка што требаше да ја видиме пред речиси 4 години. Дијаз и Пориер требаше да се пресметаат во Њујорк во 2018 година, но Дастин се повреди и испадна од мечот.
За жал, УФЦ немаше интерес да им даде втора шанса. Меѓутоа, во последните недели Дијаз и Пориер се закачаат. Ова го привлече вниманието на Дана Вајт, кој им даде зелено светло.
На социјалните мрежи Нејт рече дека разговарал со УФЦ и дека немаат интерес.
„Само што разговарав со УФЦ и ги прашав за борбата со Дастин Пориер. Сакам да се борам што е можно поскоро, но ми рекоа дека Пориер не вреди. УФЦ не ја сака оваа битка. Дастин, извини, но не вреди.
Се надевам дека ќе се борам што е можно по скоро. Ниту Чарлс Оливеира не вреди“, напиша Дијаз.
И додека Дијаз тврди дека нема да има битка, Пориер ја дава својата усна согласност да се бори со кратко известување.