Расправијата меѓу Нејт Дијаз и УФЦ продолжува да ескалира.
Дијаз (37) не е задоволен од УФЦ затоа што не се борел веќе пет месеци. Нејт беше подготвен да се бори со Дастин Пориер во јануари, но Дана Вајт продолжува да го запоставува. Дијаз беше бесен и повика на ослободување пред неколку недели.
Организацијата не му обрнува внимание и не сака да го пушти. Минатиот викенд Дана Вајт изјави дека Дијаз сака во јули да се бори со Хамзат Чимаев. На Нејт му преостанува уште една битка од договорот со УФЦ и едвај чека да се извлече.
„Мочам пред институтот на УФЦ. Можам да си го дозволам тоа, бидејќи земам повеќе пари од другите. УФЦ нема да ме отпушти”, напиша Дијаз на социјалните мрежи.
Нејт има скор 20-13 во ММА и е во серија од 2 последователни порази. Последен пат загуби од Леон Едвардс летото 2021 година.
View this post on Instagram