Нејт Дијаз сака бокс меч со Теренс Крафорд и ММА борба со Конор Мек Грегор.
Последниве денови Конор и Теренс открија дека им бил понуден договор за 2 борби меѓу нив. Едниот би бил според правилата на боксот, а другиот во ММА. Крафорд ја одбил понудата бидејќи не сакал да ги издржи ударите и лактите од ирската ѕвезда. „Озлогласениот“ го задеваше откако рече дека двајцата ќе поделат 200 милиони долари од тие борби.
Очигледно, Дијаз е мотивиран да заработи и ги има намерено Крафорд и Мек Грегор. Дијаз на својот профил на социјалните мрежи изјави дека е подготвен да се бори со двајцата во категоријата до 76 килограми.
„Ќе боксирам со Теренс Крафорд и ќе се борам со Конор Мек Грегор во моите следни борби. Ќе се бориме на 76 килограми. Ајде да го направиме тоа”, напиша Дијаз.
View this post on Instagram