Нејт Дијаз и понатаму е бесен на УФЦ. Тој на прес-конференција се појави со задоцнување и ја обвини организацијата, намерно му се обратиле подоцна. Дијаз збесна кога разбра дека Конор Мек Грегор ќе се бори против Хабиб Нурмагомедов и веднаш ја напушти прес-конференцијата.
Во едно интервју ја обвини организацијата дека не сака да го рекламира и дека лошо се однесуваат со него. И додека Дана Вајт велеше дека Дијаз не е негов проблем, Нејт повторно тврди дека нема да се бори на УФЦ 230.
„Не може да се ангажирам кога се однесуваат како будали“.
I can’t commit when they actin like shit….
— Nathan Diaz (@NateDiaz209) August 8, 2018
Нејт Дијаз треба да се бори на УФЦ 230 во поднасловната борба против Дастин Пориер, но според неговите закани може и да не се случи. Во последните шест борби Дијаз има скор 3-3, а последен пат загуби од Конор Мек Грегор во 2016 година.