Нејт Дијаз нема да се бори додека не ја договори и одработи третата борба со Конор

Nate-Diaz vo studio

По најголемата заработувачка во кариерата, но за жал и пораз во второто борбата против Конор Мек Грегор, Нејт Дијаз изјави дека нема да се бори ако неговата следна борба не е завршеток трилогијата со Конор Мек Грегор.

Се разбира, завршувањето на трилогијата сигурно ќе се случи, но прашање е кога. УФЦ и навивачите сакаат да Мек Грегор да го брани појасот во перолесна категорија, Еди Алварез нема ништо против да го пречека Ирецот во лесна категорија, додека Мек Грегор зборува се и сешто, па тешко дека неговата изјава за следната борба може да се смета за сериозна.

Но, она што е сигурно е тоа што го сака Дијаз. Освен уживањето во износот кој најверојатно ќе отиде над десет милиони долари. Доволно е да се каже дека помладиот брат на Дијаз се обезбеди за целиот живот, но ќе заработи веројатно уште толку со третата борба. И се чини дека сака до тоа да дојде што е можно побрзо:

„Нема да се борам против никој друг додека не го одработиме третиот меч. До тогаш нема да ме видите во октагонот. Ако УФЦ и Конор го сакаат тоа, нека договорат што е можно побрзо и одиме. Мислам дека не е добар деловен потег Конор да прифаќа други борби, но тој е бизнисмен. Ќе видиме што ќе се случи, но мене ме интересира само таа борба“.

Дијаз ужива во времето кога почна да заработува навистина огромни пари за една УФЦ борба, па донекаде е разбирливо што не се интересира да им се врати борбите против можеби и попасни противници, а за помалку пари. Но, Конор се уште има некои обврски спрема промоцијата, наивачите и други борци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON