Нејт Дијаз и Дастин Пориер се зајадоа заради борбата со Мек Грегор

Допрва треба да откриеме дали Конор Мек Грегор и Дастин Пориер ќе се борат по втор пат, но според Нејт Дијаз, двајцата само „играат игра“.

Мек Грегор му понуди добротворна борба на Пориер во Ирска, на која борецот се согласи. Сепак, подоцна беше јасно дека УФЦ официјално испрати понуда до двајцата за реванш меч. Мек Грегор рече дека се согласил да се бори оваа година.

Сепак, Нејт Дијаз интервенираше во она што се случуваше со следната изјава:

„Да не ги мешаме работите. Јас веќе ги испушив овие двајца. И сега тие се борат …“

Пориер одговори брзо на нападот, велејќи дека е подготвен да се бори против Дијаз.

Но, Дијаз кажа уште нешто.

„Понудата не беше за тебе, глупчо. Таа е наменета само за вистински борци. Ти веќе загуби. Ти и товите соборци се борите со пријателите. Лажни борци”, одговори Дијаз.

Дијаз два пати се бореше со Мек Грегор во 2016 година, што беше една од најголемите битки во историјата на овој спорт. Дијаз победи со завршница во првиот меч, но потоа загуби со судиска одлука во реваншот.

Сепак, Пориер и Дијаз никогаш не се бореа. Тие требаше да се сретнат во 2018 година, но тоа никогаш не се случи. Од друга страна, оттогаш нивните вербални напади не запираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON