Нејт Дијаз и Дастин Пориер се договорија пресметка

Мега ѕвездите на УФЦ Нејт Дијаз и Дастин Пориер се согласија да се борат во кафезот. Ваков договор постигнале на социјалната мрежа Твитер. Тие се согласија да се борат во јануари 2022 година.

Пред само еден ден на The MMA Hour, поранешниот предизвикувач за титулата на УФЦ, Дастин Пориер, изјави дека е заинтересиран за борба со Нејт Дијаз. Борецот од Стоктон веднаш реагираше.

Американскиот медиум MMAfighting.com потврдува дека по овие твитови добиле информација од Пориер дека се согласил да ги вкрсти ракавиците со Дијаз во јануари 2022 година.

Пориер и Дијаз имаа закажан меч во 2018 година на УФЦ 230. Тогаш нивната средба беше откажана поради повредата на Пориер. Се вклучија во вербални „пресметки“ со текот на годините и настанот УФЦ 270 на 22 јануари 2022 година може да биде совршена можност за двајцата да си ги расчистат сметките. Гала вечерта ќе се одржи во Калифорнија и ќе ја предводат борбите за титулата за најлесните и за најтешките. Дејвисон Фигереидо по третпат ќе се соочи со Брендон Морено, а шампионот Френсис Нгану ќе ги одмери силите со привремениот шампион Сирил Гане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON