Нејт Дијаз го продолжува договорот со УФЦ

Нејт Дијаз ќе остане во УФЦ откако стана јасно дека неговиот договор со организацијата е продолжен.

„Се чини дека УФЦ повеќе не цели кон меч меѓу Хамзат Чимаев и Нејт Дијаз и поради тоа го продолжуваат договорот со Дијаз“, изјави новинарот Ариел Хелвани.

„Изгледа дека УФЦ знаеше што ќе се случи и со овој потег се надеваат дека ќе добијат повеќе време кога Конор Мек Грегор ќе биде подготвен да се врати следната година.

Сепак, Дијаз сè уште официјално нема потпишано договор.

Неј Дијаз, 20-13, не се натпреваруваше откако загуби од Леон Едвардс на УФЦ 263 во јуни.

Не му беше понуден меч со Хамзат Чимаев, но брзо го одби бидејќи, според него, Чеченецот е дебитант.

„Ми го нудат Чимаев, а им велам да не ми покажуваат вакво непочитување – да ми понудат дебитант. Тој има само 4 борби во УФЦ. Воопшто не треба да го спомнува моето име“.

Против кого и кога Дијаз ќе се врати во октагонот, допрва ќе дознаеме. Тој е заинтересиран за битки против Камару Усман, Висенте Луке и Тони Фергусон.

Сепак, според Хелвани, УФЦ ќе сака да направи трилогија меѓу Дијаз и Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON